Како да не му е мил животот: Со дрес од Бока влета на трибината со навивачи на Ривер, па се соблече за да не добие ќотек! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Ривалството меѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс е едно од најжестоките во светскиот фудбал, а синоќа на Светското клупско првенство доби ново, крајно необично поглавје. Еден навивач се појави на трибините облечен во дрес на Бока, но не на кој било дел од стадионот, туку меѓу фановите на Ривер!

Ситуацијата веднаш ескалираше кога навивачите на „милионерите“ го забележаа дресот на најомразениот ривал, атмосферата за неколку секунди стана напната. Група од десетина гневни навивачи започнаа да му приоѓаат, па младиот фан беше принуден да го соблече дресот на Бока за да избегне посериозен конфликт.

Обезбедувањето реагираше навреме и со голем напор успеа да го извлече навивачот од трибината, додека бесните фанови на Ривер продолжија со негодувања. На крај, среќа што немаше физички инцидент со потешки последици. Дали се работи за храброст или чиста провокација, останува дискутабилно, но едно е сигурно: таков потег во фудбалска Аргентина ретко поминува без последици.

Коментарот над објавеното видео е навистина специјален, бидејќи под објаснувањето на ситуацијата стои реченицата: „Овој човек има големи м*диња или е ментално луд или само глупав“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×