Јувентус со пресврт до победа кај Бреша (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јувентус кај Бреша отпатува без Кристијано Роналдо кој има ситна повреда и тоа се почувствува. За Бреша дебитираше Марио Балотели кој го одигра целиот натпревар.

Бреша поведе уште во четвртата минута од мечот со гол на Алфредо Донарума кој беше од далечина, Шчесни не интервенираше најдобро и топката заврши во неговата мрежа.

На пет минути до крајот на првиот дел, Јувентус изедначи по еден случаен гол, автогол на Канселор.

Во 63. минута се случи комплетниот пресврт, по еден слободен удар топката од живиот ѕид се одби до Пјаниќ кој шутна од далеку и погоди за победа на Јуве од 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани