Јувентус се откажува од пет фудбалери за да заштеди 70 милиони

by
1 минути читање

Јувентус минува
низ турбулентен период, клубот доби ново раководство поради истрагата за
штелување на сметки, како и 15 бода казна од Фудбалската федерација на Италија.

Ваквиот развој на
настаните ќе влијае и врз плановите за идната сезона, а според Газета дело
Спорт, визијата на Џон Елкан е јасна.

Мора да се кратат
трошоците па „старата дама“ летоска ќе се раздели со Анхел Ди Мариа, Адриен Рабио,
Алекс Сандро, Хуан Квадрадо и Леандро Паредес со цел да се заштедат 70 милиони
евра.

Исто така,
поголема шанса треба да им се даде на млади играчи како Ајлинг Џуниор, Николо Фаџоли,
Фабио Мирети и Матијас Суле.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×