66
Неколку добро
упатени извори од Италија синоќа објавија дека Јувентус начелно се договорил со
Сергеј Милинковиќ Савиќ за фудбалерот од средниот ред да се пресели во Торино.
Но со Клаудио
Лотито тешко се пазари, првиот човек на Лацио уште еднаш покажа дека е незгоден
за преговори и за услугите на популарниот СМС побарал 120 милиони евра.
„Старата дама“ се
надевеша дека 70 милиони евра ќе бидат доволни, но „бјанкочелестите“ немаат
намера лесно да се разделат со Србинот.
„Милинковиќ Савиќ
е еден од скапоцените камења на круната на клубот. Тој беше прогласен за
најдобар фудбалер од средниот ред во Калчото и забележа експоненцијален раст“ –
вели Клаудио Лотито.