Арон Ремзи и Хамес Родригез се двајцата фудбалери од средниот ред кои се поврзуваат со Јувентус.
„Ремзи е одличен фудбалер, навистина ни се допаѓа, тој игра за голем тим. Неговиот договор истекува и свесни сме за тоа. Но тој сега е фудбалер на Арсенал а ние не сме единствените кои се интересираат за него“, спортскиот директор на Јуве, Фабио Партичи го потврди интересот за Велшанецот.
„СпортМедиасет“ пишува дека Јувентус е сериозно заинтересиран и за Хамес Родригез и Фабио Партичи во наредните неколку дена ќе се сретне со неговиот агент во Дубаи.
Колумбиецот е на позајмица во Баерн Минхен од Реал Мадрид, но германскиот клуб нема да ја искористи можноста да го купи за 42 милиони евра.
Агент на Хамес Родригез е Жорж Мендеш, со кој Јуве има добар однос откако ова лето купија двајца негови играчи, Кристијано Роналдо и Жоао Кансело.