„Кралевите“ ќе прават големи промени ова лето, па Јувентус сака да ја искористи ситуацијата и мерка неколку фудбалери на Реал Мадрид.
„Старата дама“ сака да оди на шопинг во Мадрид, и може да ангажира дури петмина фудбалери на Реал.
„Кралевите“ ќе прават големи промени ова лето, па Јувентус сака да ги искористи случувањата внимателно следи како се одвиваат работите на „Бернабеу“
На листата со желби на клубот од Торино се Дани Себаљос, Фран Гарсија, Франко Мастантуоно, Брахим Диаз и Гонзало Гарсија.
Дани Себаљос сигурно ќе направи трансфер, фудбалерот од средниот ред веќе доби раскин на договорот и одврзани раце да си најде нов клуб.
Фран Гарсија ќе биде трета или четврта опција откако Реал одвои 60 милиони за ангажман на Марк Кукуреља, па конкуренцијата на левата бековска позиција ќе биде жестока, со оглед на тоа што таму е Алваро Карерас, за кого пак беа платени 50 милиони пред 12 месеци.
Франко Мастантуоно не успеа сериозно да се наметне во првиот тим по скапиот трансфер од Ривер, па „старата дама“ би сакала да го доведе на позајмица и да му обезбеди редовна минутажа.
Со ветување за поголема улога, Јувентус сака да го примами и Гонзало Гарсија, но неговата иднина ќе зависи од Жозе Мурињо, кој сака прво да го види на дело на подготовките и од одблиску да процени дали ќе остане или ќе замине.
Најголема желба е Брахим Диаз, но важи и за најтешко остварлива цел, бидејќи Мароканецот во моментов нема намера да го напушти Реал Мадрид, и покрај тоа што ќе бие во втор план на големите ѕвезди.