Јувентус ќе тргне по „новиот Халанд“ доколку го продаде Влаховиќ за 100 милиони

by
1 минути читање

Откако Калчото
влезе во 2023 година, Расмус Хојлунд е еден од игарчите кои блеснаа, 20
годишниот Данец редовно ги тресе противничките мрежи и медиумите веќе го
нарекуваат „новиот Ерлинг Халанд“.

Добрите партии го
привлеко вниманието на многу клубови како Арсенал, Борусија Дортмунд и Реал
Мадрид, а последните информации велат дека и Јувентус се приклучил во трката.

„Старата дама“ е
свесена дека летоска може да остане без Душан Влаховиќ, неколку клубови се
подготвени да платат 100+ милиони евра за неговите услуги, па во Торино кројат стратегија
како да го заменат Србинот.

Расмус Хојлунд е
на врвот на листата со желби во моментов и Јувентус опипува терен за
ангажман на голгетерот на Аталанта, на кого цената му расте од ден во ден.

„Нероаѕурите“ од
Бергамо минатото лето за услугите на Данецот платија нешто над 15 милиони евра,
и се шпекулира дека цената на Расмус Хојлунд веќе е три пати повисока.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани