Jувентус ќе му обезбеди две засилувања на Тудор во нападот, едно е од Премиер лигата

by Стефан
1 минути читање

Јувентус е на чекор до реализација на две засилувања во нападот, со што ги најавува амбициите за новата сезона и активен летен преоден рок.

Како што пренесуваат италијанските и француските медиуми, канадскиот репрезентативец Џонатан Дејвид наскоро ќе потпише договор со „старата дама“. Напаѓачот, кој важи за еден од најдобрите стрелци во францускиот шампионат во изминатите сезони, пристигнува како слободен играч по истекот на договорот со Лил. Во Торино, Дејвид би требало да заработува околу шест милиони евра по сезона.

Покрај него, се работи и на трансферот на Џејдон Санчо од Манчестер Јунајтед. Англискиот фудбалер е надвор од плановите на „црвените ѓаволи“ и поради тоа не би требало да има проблем во реализацијата на трансферот. Засега не се откриваат детали околу условите на договорот, но трансферот се очекува да биде официјализиран наскоро.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×