Јувентус го победи Милан и ја продолжи битката за одбрана на круната во Купот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јувентус имаше одличен старт на натпреварот, во 10. минута Дибала постигна убав гол за водство од 1-0.

Десетина минути подоцна Пјаниќ погоди од слободен удар и го зголеми резултатот на 2-0.

И покрај негативата од 2-0, Милан не се откажа, во 53. минута Бака намали на 2-1, но само минута подоцна Локатели доби втор жолт картон и ги остави гостите со играч помалку.

И покрај тоа Милан до крајот од мечот се обидуваше да дојде до изедначување, напаѓаше но Јувентус се одбрани и обезбеди полуфинале.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани