Јуве и Аталанта одиграа меч со шест гола во кој немаше победник (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јувентус се наоѓа во тежок период, по казната со одземање на 15 бодови, нивната позиција на табелата значително се промени, па сега речиси и да немаат шанси за европските позиции. Од друга страна пак Аталанта се бори за топ четири.

Гостите поведоа по само четири минути игра, Лукман реализираше за водство на Аталанта од 1-0.

Потоа на сцена стапи Ди Марија кој во 25. минута израмни на 1-1, а само девет минути подоцна Милик даде гол за комплетен пресврт и водство на Јувентус од 2-1.

На самиот почеток од второто полувреме Мае израмни на 2-2, а брзо потоа Лукман го постигна својот втор гол на мечот за нов пресврт, овојпат водство на Аталанта од 3-2.

Во 65. минута Ди Марија од слободен удар му додаде на Данило кој распали и израмни на 3-3, што беше и конечен резултат на мечот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×