Јуриќ објасни зошто го извади Радоњиќ по 14 минути откако го пушти во игра: Тој нема почит за овој спорт!

by
1 минути читање

Радоњиќ влезе во 60. минута од мечот, а беше заменет во 74. минута. При излегувањето тренерот и фудбалерот имаа кавга.

Јуриќ го обвинува Радоњиќ за третиот гол на Јувентус, погодокот на Бремер со кој старата дама поведе со 3-2. Но, проблемот не е само од денеска.

„Не ги разбирам овие работи, според мене тој тотално нема почит за овој спорт. Имате работи кои знаете дека треба да ги направите, влегувате во игра и веднаш го правите спротивното, тоа значи дека вие не сте во натпреварот“, објаснува Јуриќ.

„Овој дечко има талент, но јасно е дека во овие шест месеци колку што работиме заедно, јас не успеав да го направам фудбалер. На корнер, вие треба да сте присутен и да внимавате. Можете да реагирате добро или лошо, но мора да сте присутни“.

„Радоњиќ беше спектакуларен на тренинзите во текот на неделата, и сите мислевме дека може да направи разлика, затоа се чувствуваме изневерено. Мислам дека тој не ни сфаќа што направи погрешно. Понекогаш имате фудбалери како Влашиќ кои се најдобри и секогаш се фокусирани на деталите, а други кои не сметаат дека тие работи се важни“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани