2,4K
Како што пренесува Спорт, Манчестер јунајтед и Астон Вила биле подготвени да платат 70 милиони евра за ангажман на Фермин Лопез и двојно да му ја зголемат платата на играчот, но младата ѕвезда на Барселона одбила трансфер.
Фермин Лопез во јанури бил мета на неколку клубови, најсериозни биле Манчестер јунајтед и Астон Вила.
Двата клуба од Премиерлигата биле подготвени да платат 70 милиони евра како трансфер обесштетување, а на фудбалерот од средниот ред двојно да му ја зголемат платат.
Сепак, Фермин Лопез не сакал да слушне за трансфер, 21 годишниот Шпанец на ум има само да успее во Барселона, клубот од неговите соништа.