168
Големиот
македонски фудбалски талент, 18 годишниот репрезентативец на Македонија и веќе
екс член на Академија Пандев, Јани Атанасов потпиша четиригодишен договор со
турскиот Суперлигаш, Бурсаспор.
Одредени медиуми
во Бурса веќе пренесоа и за деталите од овој трансфер, Академија Пандев ќе
добие обештетување во висина од 100,000 евра, иако во текот на преговорите
имало барање од струмичкиот клуб во износ од 280,000 евра. Што се однесува пак
до Атанасов, тој ќе има годишна плата од 225 илјади евра.
Бурсаспор во веќе
изминатата сезона од турската Суперлига заврши на 13 место, а воедно не успеа
да избори излез во Европа.
Извор: bursasporluyuz.org