402
34 годишниот
македонски напаѓач Адис Јаховиќ постигна два гола за Гезтепе во денешниот меч
против Газиантеп на домашен терен со победа од 2-1, а нашиот интернационалец двата гола
ги постигна во првото полувреме.
Јаховиќ најпрво
погоди од пенал во 39 минута, а потоа и во самиот финиш од првото полувреме со
тоа што навести три бода за домаќините кои ги очекува битка за опстанок во
елитната турска „Суперлига“.
Јаховиќ сезонава
во Турција на 15 меча успеа да постигне четири погодоци, а погоди и на
претходната пресметка со Фенербахче во ремито со 1-1.