Ја шокираше Аргентина во Катар, а сега ќе води нова репрезентација на ова Светско првенство

by Стефан
1 минути читање

Ерве Ренар повторно ќе биде дел едно Светско првенство, откако францускиот стратег беше назначен за нов селектор на Тунис. Тој добива нова шанса на најголемата фудбалска сцена, иако непосредно пред стартот на Мундијалот беше разрешен од селекторската позиција на Саудиска Арабија.

Тунис се раздели со досегашниот предводник Сабри Ламуши по тешкиот пораз од Шведска со 5-1 во првото коло од групната фаза, а челниците на федерацијата брзо го избраа Ренар како негов наследник.

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Тунис, Муаз Насари, потврди дека е постигнат договор со искусниот француски тренер. Ренар треба да пристигне во Монтереј и веднаш да го одржи првиот тренинг со репрезентацијата, а селекторската функција ќе ја извршува до крајот на Светското првенство.

Ренар веќе има позитивно искуство од Мундијалите. На претходниот турнир беше селектор на Саудиска Арабија, со која приреди една од најголемите сензации откако во првото коло ја совлада Аргентина со 2-1 која подоцна дојде до светскиот трон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×