Измама од епски размери во македонскиот фудбал!

by
1 минути читање

Приказната е за голманот на гостите, пријавен под име Јосиф Милчев, регистриран во комет-системот на ФФМ. Арно ама, сѐ било тотален фалсификат, зашто бранел Филип Лазаров, кој воопшто не е регистриран за фудбалер.

И целиот циркус го откриле во полиција, откако после мечот голманот бил нападнат, па отишол да пријави и таму се претставил со вистинското име, а не со тоа со кое бил пријавен како чувар на мрежата.

Ваков фалсификат не е виден во историјата ни на македонскиот, а ни на светскиот фудбал.

Целата приказна за скандалот од епски размери во Третата лига – Исток ја објави кочанскиот портал „Комарец“, која комплетно може да ја прочитате ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×