Искусниот напаѓач повторно ќе игра во романската Лига 2, овој пат за тимот на Тунари. Ивановски минатата сезона ја почна во Петролул, каде што одигра 14 натпревари, па во зимскиот преоден рок се пресели во Конкордија, тим за кој на девет меча даде еден гол. Тунари е шестиот клуб за битолчанецот во Романија со оглед што покрај за Петролул и Конкордија, тој играше уште и за Клуж, Динамо Букурешт и Астра Ѓурѓу.
Ивановски кариерата во Пелистер, а играше уште и за Славија Прага, Арка Гдиња, Видеотон, Болуспор, Славен Белупо, Хајдук, Диосѓер. За Македонија одигра 27 средби во периодот помеѓу 2010 и 2015 година и постигна еден погодок.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.