Ивановиќ се враќа во Русија

by
1 минути читање

Според „Скај Спортс“, трансферот на Ивановиќ во Зенит е 99% завршена работа, остануваат уште формалности за тој да биде комплетиран.

Ивановиќ во Зенит ќе замине како слободен играч и ќе потпише две и пол годишен договор со можност за продолжување.

Се очекува трансферот на српскиот фудбалер во Зенит да се комплетира за не повеќе од 24 часа по што тој би заминал во базата на рускиот клуб во Шпанија каде што во моментов се одвиваат подготовките на овој тим.

Ивановиќ кој дури девет години е дел од Челси, го загуби местото во стартниот тим, клубот нема да му прави проблеми во пронаѓање на нова средина каде што повторно би бил важен играч на теренот.

Ивановиќ од 2006 до 2008 настапуваше во руското првенство, тогаш го носеше дресот на Локомотив Москва.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани