Ивановиќ од Челси во Евертон?

by
1 минути читање

Со доаѓањето на Антонио Конте, Ивановиќ го загуби местото во стартниот тим на Челси. Дефанзивата на сините функционира одлично, па српскиот фудбалер се поврзува со заминување.

Ивановиќ се поврзуваше со неколку екипи, а последен на листата е Евертон.

Фил Јагиелка е на излезна врата од Гудисон Парк и веројатно ќе направи трансфер во Сандерленд, а Евертон во Ивановиќ гледа негова замена.

Ивановиќ има договор со Челси до 30. јуни оваа година, па Србинот со сигурност ќе замине од Стемфорд Бриџ, останува да видиме дали тоа ќе биде сега, во јануари или во летниот преоден рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани