Реал Мадрид определи 3.917 билети за Наполи кои веднаш беа распродадени, но информациите велат дека многу навивачи на италијанскиот клуб кои немаат билети исто така ќе патуваат на мечот надевајќи се дека ќе најдат билет на црно.
Од туристичката агенција Рете Еуропа Виаџи велат дека имале побарување од над 4.000 Наполитанци за аранжман во Мадрид.
„Уште од 12. декември (денот на ждрепката) почнавме да имаме побарувања. Но не можеме да организираме патување за сите. Само 1.500 одат преку нас. Организиравме шест летови“ – вели сопственикот на агенцијата Џузепе Падуано.
Речиси сите летови кои водат од Наполи до Мадрид, и од Рим до Мадрид се распродадени за тој период.
Наполи ќе игра во Мадрид против Реал за прв пат по 30 години кога во 1987 година се одржа историскиот меч зад затворени врати, па Наполитанците не сакаат да го пропуштат овој дуел.
Очекувањата се дека околу 10.000 навивачи на Наполи ќе пристигнат во Мадрид, некои на стадионот, други надвор од него ќе му даваат поддршка на својот тим.
Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Наполи се игра во среда на 15. декември во стандардниот термин од 20:45.