Италијанец е нов тренер на Порто

by Стефан
0 минути читање

Екипата на Порто пронајде нов тренер и тоа ќе биде Италијанецот Франческо Фароли, потврди португалскиот клуб.

Со португалскиот гигант, Фариоли потпиша договор на две години. Кариерата италијанскиот стратег ја започна во турскиот Карагумрук, а потоа ги водеше Аланијаспор, Ница и Ајакс со кој во последното коло минатата сезона остана без шампионската титула.

Во Порто пристигнува на местото на Аргентинецот, Мартин Анселми кој доби отказ по елминацијата во групната фаза на Светското клупско првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×