Италија за неколку часа ги продаде билетите за мечот со Македонија

by
0 минути читање

Италијанската фудбалска федерација најпрво продаде 6.000 влезници за верните членови кои секогаш ја пратат репрезентацијата, а вчера откако беа пуштени билетите во слободна продажба, веднаш се продадоа преостанатите 20.000.

Вкупниот број на италијански навивачи кои ќе можат да го гледаат мечот на стадионот е 26.000 колку што е 75 проценти од капацитетот. Толку е дозволено со последните ковид мерки во Италија.

Во меѓувреме ФФМ објави како ќе оди продажбата на влезниците за македонските навивачи. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×