Уште еден
перспективен Бразилец пристигнува во Европа. Се работи за десниот бек на
Атлетико Минеиро, 20 годишниот Емерсон. Тој се сели во Шпанија, откако
Барселона и Бетис направија историски дил и за прв пат ги здружија силите во
настапот на трансфер пазарот.
Емерсон ќе
пристигне на „Бенито Виљамарин“ на позајмица до крајот на сезоната, а летоска
неговиот трансфер ќе стане перманентен, Барса и Бетис се обврзани да платат по
6 милиони евра (вкупно 12 милиони евра) за во целост да го купат играчот.
Десниот бек ќе
продолжи да го носи „зелено-белиот“ дрес и во иднина, но Барса ќе има опција да
го купи за 9 милиони евра која ќе биде валидна две сезони.
Вака сите три
клуба ќе бидат задоволни но во целата зделка ќе има и една оштетена страна. Се
работи за Понте Прета, клуб од околината на Сао Пауло на кого му следуваат
12,5% од сумата доколку биде направен трансфер до 28. февруари оваа година. Но
со оглед на тоа дека се работи за позајмица и трансферот ќе се случи на лето,
Понте Прета е „издриблан“ и ќе остане со празни раце.