Историја во Холандија: Го Ахед Иглс го освои првиот трофеј во 122-годишното постоење! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Го Ахед Иглс го освоија првиот трофеј во својата клуипска историја, откако направија сензација во Купот на Холандија.

Во финалето одиграно на „Де Кајп“ овој тим беше апсолутен аутсајдер против АЗ Алкмар, по регуларниот дел беше 1-1 и немаше промени во продолженијата. На крајот Го Ахед Иглс беа подобри изведувачи на пеналите и со 4-2 стигнаа до историски подвиг.

И претходно, во регуларното време двата гола паднаа од белата точка. АЗ Алкмар поведоа со голот на Перот во 54. минута, а Деијл израмни дури во деветтата дополнителна минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани