Ираола застана во одбрана на Димитриевски: Сите ние грешиме, а колку бода ни донесе!

by
2 минути читање

Димитриевски првпат сезонава направи крупна грешка, а имаше шанса да запише деветта чиста мрежа, но остана на осум после лошото исфрлање на топката, после кое Енес Унал му даде гол.

„Вакви работи се случуваат, сите ние во некој период правиме грешки. А, колку бодови нам Димитриевски досега ни донесе. Не загубивме бодови поради таа грешка, таа грешка е дел од една поголема слика. Но, Столе ја има нашата поддршка, зашто сите ние грешиме или ќе згрешиме во иднина. Сепак, има многу други работи на кои ќе мора подобро да гледаме, на пример ние со играч повеќе не игравме како што треба. Има некои работи кои мене многу повеќе ме интересираат, отколку една ‘специфична грешка“, која пак нема да се случи“, рече Ираола.

Рајо Валјекано со шестото реми сезонава дојде до 33 бода и е шести, бод помалку од петтиот Бетис, а бод пред Атлетик Билбао, додека за пласман во ЛШ најблискиот ривал Атлетико Мадрид е на плус пет.

Следен меч на Рајо е домашниот против Севилја идната недела од 16.15 часот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани