189
Иран тргна со
победа на Светското првенство во фудбал кое се одржува во Русија, и тоа со
автогол на Мароко во самиот финиш од средбата која се одигра денес во Санкт
Петербург.
За време на мечот
кој беше доста динамичен и интересен, на трибините беа истакнати транспаренти
од Иранки, а овој детал го привлече вниманието на пошироката јавност.
Во Иран со закон
е забрането жени да присуствуваат на фудбалските натпревари, поточно на
трибините од истите, но, тие можеа да се најдат на трибините од натпреварите на
Мундијалот во Русија, па веројатно најдоа добро поле каде можат да се изборат
во битката за своите права.