Иран и Нов Зеланд одиграа драматичен натпревар на Светското првенство, а по голема борба дуелот заврши без победник со резултат 2-2.
Нов Зеланд тргна силно уште од самиот почеток и поведе во седмата минута преку Ели Џаст. Иран брзо се консолидираше по раниот шок и почна да создава опасни акции, а најдобрата можност за израмнување ја имаше Мехди Тареми во 23. минута.
Притисокот на азиската селекција вроди со плод во 32. минута, кога Рамин Резаејан ја затресе мрежата за 1-1. До заминувањето на одмор резултатот остана непроменет.
Возбудувањата продолжија и во второто полувреме. Џаст повторно стапи на сцена и со својот втор погодок ѝ донесе нова предност на селекцијата на Нов Зеланд. Сепак, Иран не се предаде и преку Мохамад Мохеби во 64. минута успеа повторно да го израмни резултатот.
До крајот двете репрезентации имаа свои шанси, но мрежите мируваа, па бодовите беа поделени.
Претходно во истата група, Саудиска Арабија го изненади Уругвај и ремизираше со идентични 1-1. Aл Амри ја доведе селекцијата на Саудиска Арабија во водство во првиот дел, а Уругвајците од пораз ги спаси Араухо кој стрелаше на десетина минути пред крајот.