Интер се договорил со наследникот на Инзаги!

by Стефан
1 минути читање

Шпанскиот фудбалски стратег и поранешен ас на Арсенал, Челси и Барселона, Сеск Фабрегас, е на чекор до клупата на Интер. Како што пренесува новинарот Санти Ауна, Фабрегас веќе ги договорил личните услови со миланскиот гигант, а останува уште двата клуба да постигнат финален договор за неговото ослободување.

Фабрегас (38) беше прв избор на управата на „нераазурите“ за наследник на Симоне Инзаги, кој си замина од „Џузепе Меаца“ по болниот пораз во финалето на Лигата на шампионите. За Шпанецот, ова би бил втор тренерски ангажман во кариерата, откако во изминатата сезона го водеше Комо до респектабилното десетто место во Серија А, резултат што ги надмина сите очекувања на луѓето во клубот и фановите.

Иако во претходните недели Фабрегас одби понуди од Рома, која го бараше како замена за Клаудио Раниери и од Баер Леверкузен, каде требаше да го наследи Чаби Алонсо, сепак повикот од Интер се покажа како пресуден. Медиумите тврдат дека токму визијата на „нерАазурите“ и потенцијалот на тимот го убедиле да го напушти проектот во Комо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани