Интер преговара со Антонио Валенсија

by
1 минути читање

Извесно е дека
Антонио Валенсија ќе си замине од Манчестер јунајтед по крајот на актуелната
сезона, а 33 годишниот Еквадорец наводно веќе е во преговори со Интер, според
информациите кои пристигнуваат од Островот.

Мирор известува
дека преговорите помеѓу обете страни околу личните услови на фудбалерот веќе се
започнати, а тој во Милано на лето би можел да пристигне како слободен играч на
трансфер пазарот, од причина што неговиот актуелен договор со Премиерлигашот
истекува токму на лето.

Искусниот
фудбалер мина цели десет години на Олд Трафорд, а неговата авантура во тој клуб
започна по неговиот трансфер од Виган во 2009. година, иако неговата природна
позиција беше на крилната страна, брзо се трансформираше во десен бек.

Како и да е,
Манчестер јунајтед има опција да го продолжи неговиот договор на дополнителна
една година, но, извесно е дека тимот од Олд Трафорд нема да му го попречува
патот до Италија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани