Интер очаен, Ранокија во финишот влезе да игра како напаѓач, Болоња си замина со три бода (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ако на Спалети му
гореше под нозе по серијата лоши резултати, притисокот врз стратегот ќе биде
уште поголем откако Интер вечерва пред своите фанови загуби од Болоња, екипа
која е во долниот дел на табелата и до сега имаше забележано само две победи.

Сантандер одлично
се снајде во 32. минута од мечот, и по еден корнер мајсторски ја закачи топката
на прва статива и го матираше Хандановиќ за 0-1. Интер можеше брзо да се врати,
но Весино биеше над голот од изгледна ситуација. Пред крајот на првиот дел и
Икарди се најде во шанса, но приемот беше лош па голманот на Болоња
прв стигна до топката.

Во продолжението
од мечот, Интер притискаше но „нероаѕурите“ имаа малку креативност во играта па
изостанаа големи шанси. На десет минути пред крајот, Спалети во очај го пушти Ранокија
да игра како напаѓач. Ваквиот потег за малку ќе се покажеше како добар откако дефанзивецот
закачи еден волеј во 87. минута но Скорупски беше на висина на задачата и не
дозволи да биде изненаден.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани