Интер ќе го примамува Конте со 60€ милиони плата, и трансфер буџет од 400€ милиони

by
1 минути читање

Новите
сопственици на „Нероаѕурите“, групацијата Сунинг е сериозна во намерата да го
врати клубот на врвот во Италија и Европа.

По неуспешниот
проект со Франк де Бур на кормилото, Интер одново е на победнички патеки под
водство на Стефано Пиоли, но според денешното издание на Тутоспорт, газдите од
Кина имаат уште поголеми амбиции.

Тие сакаат да го
ангажираат Антонио Конте, кој е поранешен играч и тренер на нивниот лут ривал
Јувентус.

Со цел да го
примамат стратегот, „Нероаѕурите“ подготвуваат одлична финансиска понуда.

Интер на Антонио Конте ќе му обезбеди четири годишен договор вреден 60 милиони евра,
како и трансфер буџет од 400 милиони евра за реконструкција на составот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани