Интер испушти два гола предност и ремизираше со Торино (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Интер одиграа 2-2 на гостувањето кај Торино, но и покрај ремито остануваат на чекор до освојување на титулата во Серија А.

„Нераѕурите“ сега имаат десет бода предност во однос на Наполи на четири кола пред крајот, што значи дека им е потребна уште само една победа за да стигнат до својата 21. шампионска круна.

Интер го започна натпреварот одлично и поведе со головите на Турам во 23. минута и Бисек во 61. минута, при што повторно во фокусот беше Димарко со две асистенции.

Гостите од Милано беа подобар противник во првите 70 минути, но потоа следуваше пад во играта, што Торино го искористи за брз камбек. Симеоне намали на 2-1 во 70-тата минута, а Власиќ од пенал во финишот го постави конечниот резултат 2-2, по што Интер мораше да се задоволи со бод.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×