77
Според
информациите кои ги објави Тутоспорт, се вели дека Интер се договорил со својот
дефанзивец Милан Шкринијар, за Словакот да стави потпис на нов, побогат договор
од тој што го има, со важност до 2023. година.
Весникот пипува
дека средбата која ја имале челниците на тимот од Милано со агентот на
фудбалерот, Карол Ксонто во текот на вчерашниот ден донел позитивни резултати.
Актуелниот
важечки договор на 23 годишниот Шкринијар има важност до 2022. година, но,
Тутоспорт најавува дека идниот месец и официјално ќе падне неговиот потпис на
новиот договор, со кој ќе добие повисока плата, се шпекулира дека на годишно
ниво би заработувал до три милиони евра.