Интер е решен да купи фудбалер од Барселона, има две опции

by
1 минути читање

Според информациите од Италија, Интер е во преговори со Барселона за ангжман на засилување, нивната прва желба е Иван Ракитиќ, а доколку не успеат да се договорат за него би се задоволиле и со Артуро Видал.

Барселона сака 60 милиони евра за Ракитиќ кој веќе наполни 31 година, но Каталонците не планираат лесно да се откажат од него.

Ако Интер не успее да се договори со Барселона за Ракитиќ, ќе се обиде да го ангажира Видал кој и минатото лето се поврзуваше со нив.

За разлика од Ракитиќ, Чилеанецот не е прв избор на Валверде, па сигурно тој е полесна цел за купување отколку Хрватот.

Се верува дека Артуро Видал би можел да биде продаден за сума од 25 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани