Денеска во Цирих имаа состанок првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино и првиот човек на македонскиот фудбал, Муамед Сејдини. Покрај Сејдини во делегацијата на ФФМ биле и генералниот секретар, Наталиа Божиновска Илиевска и Владимир Гашевски, член на Управниот одбор на ФФМ.

Во текот на состанокот се разговарало за повеќе фудбалски прашања, за можностите кои ги нуди програмата „ФИФА Форвард“ за поддршка на членките, како и за вложувањата во инфраструктурата и женскиот фудбал.
„Фудбалската федерација на Македонија ги поддржува напорите што ФИФА ги прави за развојот на фудбалот преку процесите што ги постави претседателот Џани Инфантино. Под негово раководство, ФИФА направи значајни чекори напред и инвестира во развојот на фудбалот ширум светот “, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

„ФФМ успешно ги користи расположливите средства и разговаравме на кои други начини можеме да работиме со ФИФА за да продолжиме со развој на фудбалот во Македонија. Беше пријатно да се слушнат бројни комплименти за нашата работа и репрезентацијата, а наша обврска е да продолжиме да работиме напорно и да инвестираме за да го оправдаме угледот што ФФМ го ужива во фудбалскиот свет со понатамошни резултати“, додаде Сејдини.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.