121
Натпреварот
помеѓу Шкупи и Левски донесе неколку инциденти во Скопје. Попладнево, беа
нападнати автомобили со бугарски навивачи во Чаир, локалните жители фрлаа канти
и удираа по возилата на гостите.
Потоа непосредно
пред почетокот на дуелот дојде до судир во подтрибинскиот простор на арената
„Тодор Проески“.
Навивачите на
Левски влегоа во судир со полицијата, па дел од нив наместо да го проследат
натпреварот, мечот ќе го поминат во станица бидејќи беа приведени.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.