Им светнаа очите по рекордните приходи од билети, Милан сака без Интер да гради нов стадион

by
1 минути читање

Пред една година, Интер и Милан направија проект за изградба на нов стадион, но според пишувањата на Газета дело Спорт, Гери Кардинале има други планови.

Новиот сопственик на „росонерите“ сака да изгради стадион сам, без градскиот ривал и веќе се разгледуваат три локации.

Една од причините за ваквиот развој на настаните е рекордната продажба на билети за дуелот против Тотнем во Лигата на шампиони, кога беше остварен приход од 9,1 милиони евра, рекорд за клуб од Италија.

Исто така, Интер има неизвесна иднина, треба да се врати долг од 292 милиони евра со 12% годишна камата во 2024 и доколку Сунинг не ја исполни обврската, „Оуктри капитал“ ќе стане мнозински сопственик на „нероаѕурите“.

Последна причина е тоа што проектот „Катедрала“ никако да прогресира со сериозно темпо откако градските власти поставија нови услови до двата клуба.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани