По кризниот период, Брегалница во последните три кола освои седум бодови, но и покрај тоа Ѓорѓиоски и Тонев решија да поднесат оставки.
„ФК Брегалница ја прекина соработката со шефот на стручниот штаб, Илчо Ѓорѓиоски и спортскиот директор на клубот, Никола Тонев.
Ѓорѓиоски и Тонев, кои го водеа спортскиот дел на тимот низ актуелниот дел од сезоната, поднесоа неотповикливи оставки кои раководството на ФК Брегалница се одлучи да ги прифати.
ФК Брегалница и целокупното семејство на штипските „сини“ им благодари на досегашниот шеф на стручниот штаб Илчо Ѓорѓиоски и спортскиот директор Никола Тонев за целокупниот придонес за развојот на клубот изминатиот период, со искрена желба за идна успешна кариера“, стои во соопштението на Брегалница.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.