Икарди влезе во војна со Рицоли, може да биде суспендиран

by
0 минути читање

Јувентус го доби Дербито на Италија со 1-0, благодарение на прекрасен гол на Квардадо. Но во таборот на Интер беа бесни на судењето, сметаа дека требаше да добијат два пенали, и двата направени врз Икарди. Дополнително во судиското продолжение Перишиќ доби црвен картон.

Тензијата не се смири по последниот судиски свиреж, напротив. Икарди шутна една топка која помина крај главата на судијата Рицоли. Тој прашал „Кој ја шутна топката?“.

Доколку се земе во предвид видео евиденцијата од инцидентот Икарди би можел да биде суспендиран. Се ќе зависи од извештајот на Рицоли.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани