Гонзало Игуаин е пред промоција во дресот на Челси, аргентинскиот напаѓач денес беше уловен на аеродромот во Милано, а негова следна дестинација е Лондон.
Шефот на стручниот штаб на Челси, Маурицио Сари очајно го посакуваше искусниот напаѓач со кого имаа одлична соработка во Наполи, а на Челси сигурно ќе му биде потребен одличен напаѓач во битката за топ четири на табелата во Премиерлигата, каде сигурно ќе има борба до самиот финиш.
Тоа што е интересно, Гонзало Игуаин би можел уште денес да биде презентиран пред јавноста како нов фудбалер на Челси, а тој би можел да биде во составот на таа екипа за утрешниот дуел против Тотенхем во рамките на Карабао купот, но, за тоа да се случи, неговата презентација треба да се случу токму денеска.