Иднината на Елмас во рацете на Коџаман

by
1 минути читање

Македонскиот
репрезентативец ќе има можност да добие поголема минутажа во најсилниот турски
фудбалски шампионат идната сезона.

Веќе не е никаква
тајна дека новиот суперлигаш на Турција, Анкарагучу е сериозен во намерата да
го добие на позајмица во своите редови, Елиф Елмас од Фенербахче, но, одговорот
се чека од тренерот на таа екипа, Ајкут Коџаман.

Анкарагучу го
посакува Елмас во своите редови, финалната одлука е во рацете на Ајкут Коџаман

пренесоа дел од турските медиуми денеска.

Инаку Анкарагучу
од клупата е предводен од страна на Исмаил Картал, инаку поранешен фудбалер на
Фенербахче, легенда на клубот кој би можел добро да ја искористи таа конекција,
а за Елмас тоа би значело и многу поголема минутажа за идната сезона во
најсилниот турски фудбалски шампионат.

 

Извор: sabah.com.tr

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани