Ибраими промаши два пенали, Струга освои само бод против Македонија ЃП

by
1 минути читање

Актуелниот лидер лошо го започна вториот дел од сезоната, па утре можат да го загубат првото место од Шкупи. Денеска не ја победија екипата на Македонија ЃП иако ги имаа сите услови за да го направат тоа.

Трагичар беше Бесарт Ибраими кој промаши два пенали, првиот во 35. минута, а вториот во 52. минута од мечот. Во првиот обид поуспешен од него беше голманот Христијан Стевковски, а во вториот ја погоди стативата.

Струга цело второ полувреме го играше со фудбалер повеќе откако пред самиот крај на првиот дел, Самаке заработи исклучување поради два жолти картони.

Ова е второ реми на Струга по ред, минатиот викенд одиграа 1-1 кај Тиквеш во Кавадарци.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани