Ибрахимовиќ „се заигра“ во Милан, сега не му одговара ниту Консеисао!

by 24 фудбал
1 минути читање

Златан Ибрахимовиќ сериозно си ја фати работата во Милан и почна да се прашува за важни прашања во клубот.

Сепак, делува дека егото на Ибрахимовиќ му прави проблеми и по крајот на играчката кариера. Тој одигра клучна улога во тренерската смена кога замина Пауло Фонсека, а дојде Серџо Консеисао. Сега Швеѓанецот не е задоволен ниту со новиот тренер на „росонерите“.

По сјајниот старт на авантурата со освоениот Суперкуп, сега Консеисао има проблеми да го мотивира тимот. Играчите на последните два натпревари во Лигата на шампионите изгледаа индиспонирани, па загубија прво од Динамо во Загреб, па и од Феенорд во нокаут фазата. Ибрахимовиќ е лут и нервозен поради начинот на кој Консеисао го водел тимот.

Станува збор за две фудбалски личности со тежок карактер, па ризикот дека ситуацијата може да ескалира е голем.

Од доаѓањето на клупата на „росонерите“ Консеисао забележа седум победи, две ремија и три порази.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани