Ибрахимовиќ: Не сум тука да играм 5-10 минути, сакам да играм цели натпревари

by
1 минути читање

Ибрахимовиќ ги одигра последните 15 минути кога во игра влезе на местото од Жиру и со овации беше поздравен од публиката.

„Многу ми недостасуваа фановите, им благодарам што ми даваат, сила, адреналин и мотивација да продолжам. Без нивна поддршка е тешко“, вели Ибрахимовиќ.

„Се чувствувам добро, ако погледнеме назад, се немам чувствувано вака добро една година и два месеци. Сега се чувствувам добро, и слободно можам да го правам тоа што го сакам, а тоа е фудбалот“.

Ибрахимовиќ со вчерашното влегување на теренот, стана најстариот играч на Милан кој настапил во Серија А. Но тој не сака да има само епизодна улога.

„Не сакам да бидам тука поради тоа што сум го направил пред една, пет или десет години. Туку поради тоа што сум сега. Доколку не носам резултати или мислам дека ми е доволно да ги играм последните 5-10 минути, јас ќе седам дома. Ако така размислувам, веќе е готово. Сакам да играм цел натпревар“.

Ибрахимовиќ потсети дека последните месеци од шампионската сезона ги играл со инјекции, но сега се чувствува многу подобро отколку во тие месеци и верува дека може да игра без разлика на годините.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани