И Локомотива го пријавила инцидентот на мечот со Беласица, тие имаат своја верзија

by
1 минути читање

Од Беласица претходно соопштија дека пред мечот физички биле нападнати нивните тренери, а имало закани и со огнено оружје. Тие случајот веднаш го пријавиле во МВР. А пријава стигнала и од Локомотива, член на домашниот клуб се пожалил на навреди и агресивно однесување од страна на гостински фудбалер.

„На 08.03.2023 во 12.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Ѓ.Ш.(30) од с.Иловица, струмичко, пријавил дека околу 12.10 часот пред соблекувална на фудбалскиот стадион во с.Сингелиќ, пред одигрување на натпревар од втората македонска фудбалска лига помеѓу екипите на ФК Локомотива од Скопје и ФК Беласица од Струмица, тој и неговиот колега од ФК Беласица, Б.Г(32) од Струмица, биле физички нападнати од едно лице. Околу 13.00 часот во Полициската станица Гази Баба, М.М.(49) од Скопје, член на домашниот клуб, пријавил дека околу 12.15 часот еден од гостинските играчи агресивно се однесувал кон него и го навредувал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×