Хусанов се криеше од топката па постигна гол, Де Брајне се погрижи Сити да слави против Лејтон (ВИДЕО)

by bojan
3 минути читање
Де Брајне

Манчестер Сити со пресврт во вториот дел не дозволи срамна елиминација во ФА Купот и со 1-2 славеше на гостувањето кај Лејтон Ориент.

Третолигашот Лејтон Ориент сепак не успеа да го шокира големиот Манчестер Сити, квалитетот на „граѓаните“ дојде до израз во второто полувреме, избраниците на Пеп Гвардиола направија пресврт и славеа со 1-2.

Домаќините поведоа со спектакуларен гол од половина терен, Џејми Донли мајсторски лобуваше од далечина и со помош на стативата и голманот Ортега, ја затресе мрежата за предност од 1-0 во 16. минута.

Манчестер Сити изедначи по десетина минути игра во второто полувреме, Хусанов се обиде да се сокрие по еден шут на Рико Луис, за негова среќа топката го погоди во грб, го промени правецот и заврши во голот за 1-1.

Пресвртот беше комплетиран во 79. минута, Де Брајне допи топка во фор, одлично се снајде и ја протна покрај голманот од тежок агол за 1-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани