Познатиот италијански трансфер-инсајдер Николо Шира пренесува дека хрватскиот стратег Иван Јуриќ е во сериозни преговори со Аталанта, која го гледа како потенцијален наследник на Џан Пјеро Гасперини. Според информациите, се разговара за долгорочен договор до летото 2027 година, со опција за продолжување на уште една сезона.
Аталанта се подготвува за можен раскин на деветгодишната соработка со Гасперини, кој минатата сезона ја донесе трофејот од Лига Европа во Бергамо. Клубот веќе разгледува алтернативи, а Јуриќ е меѓу главните кандидати благодарение на својата работа во Серија А и одличниот однос со спортскиот директор Тони Д’Амико – човек со кого успешно соработуваше во периодот во Верона.
Во Аталанта веруваат дека Јуриќ може да го продолжи фудбалскиот пат што Гасперини го трасираше со години – со развој на млади играчи и препознатлив офанзивен стил. Интересно, ова не би било првпат Јуриќ да го замени Гасперини – истото се случи и во 2016 година кога Сепличанецот го презеде кормилото на Џенова.
Јуриќ има и посебна врска со Гасперини – тој беше дел од неговиот стручен штаб во Интер и Палермо и важи за еден од неговите најблиски соработници. Последниот ангажман го имаше во Саутемптон, но не успеа да го спаси клубот од испаѓање во Чемпионшип. Сепак, тоа очигледно не му наштети на угледот во Италија.
Фото: Football Italia