Утре Динамо Загреб од 21 часот на Максимир ќе го пречека Шкупи во првиот меч од второто коло во квалификациите за Лигата на шампионите.
Во пресрет на натпреварот речиси сите хрватски медиуми објавија за одисејата на фудбалерите на Шкупи при враќањето од Гибралтар каде загубија од Линколн со 2-0 но се пласираа во следното коло.
Клубот со цел да заштеди до Гибралтар патуваше со регуларни линии, а не со чартер лет. По натпреварот играчите на Шкупи осум часа седеле на плажа, а потоа со авион од Малага летнале за Виена.
Во Виена спиеле 10 часа, но не во хотел туку во Мекдоналдс. Од таму фатиле авион за Белград, па од Србија до Скопје со автобус. Целото патешествие траело два дена.
Порталот „Индекс“ објави и видео како играчите на Шкупи спијат во Мекдоналдс на столици и клупи: