1,2K
Вистинска „војна“ се водеше за Лука Туњиќ, талентираниот фудбалер на холандска Фортуна Ситард.
Овој играч се најде на списокот на Хрватска У21, откако селекторот Ивица Олиќ успеа да го убеди да заигра за „коцкестите“. Оваа одлука е голема победа за Хрватите, особено ако се знае позадината на приказната.
Туњиќ играше за јуниорската и кадетската репрезентација на Босна и Херцеговина, а бидејќи е роден во Хамбург имаше повик и од Германија, но го одби. Потоа и Германците загубија интерес, а младиот играч можеше да бира меѓу двете балкански земји.
Со оваа одлука Лука Туњиќ менува спортски пасош и во иднина ќе мора да чека настап за Хрватска. Интересно е дека агент на ова младо момче му е легендарниот Михаел Балак.