893
Христов е дете на Вардар, а во кариерата играше за повеќе македонски клубови но имаше и меѓународно искуство.
Летото се врати во Вардар како засилување во обидот клубот да се врати во Првата лига, но по само шест месеци заминува во ривалот, Гостивар.
Тоа е голем удар за Вардар бидејќи во исто време губат значаен играч и го засилуваат конкурентот Гостивар.
Христов освен за Вардар во кариерата играше и за Пелистер, Брегалница Штип, Тетекс, Еуромилк Горно Лисиче, Македонија ЃП, Тиквеш, Борец и Работнички, а во странство за албанска Влазнија, Јужен Мијанмар, унгарските Вашаш и Егер.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.